
1979 - ?
Мишо Докмановиќ е македонски правник, универзитетски професор и истражувач. Редовен професор е на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде ги предава предметите „Историја на правото“ и „Современа македонска историја“ на додипломските студии и предметите „Балканот и американската дипломатија“, „Дипломатски протокол“ и „Историја и дипломатија на Блискиот Исток“ на последипломските студии.
Бил претседател на Македонско–американската алумни асоцијација (2017-2019) како и член на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование (2017-2020). Од октомври 2017 година, проф. д-р Докмановиќ е член на Делегацијата на Република Северна Македонија во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот.