Loading...
Loading...

Книгата Македонски лечебник од 19 век претставува збирка медицински и други рецепти од 19 век, при што делови од ракописот датираат од 1833, 1842 и 1853 година. Интересот за македонската народна медицина е многувековен, а различни народни исцелители, меѓу кои тревари, бербери, ковачи и бабици, кои се грижеле за народот.
Текстот е хетерогена збирка записи од различни делови на Македонија. Содржи рецепти и молитви запишани и со грчко и со кирилско писмо, што било вообичаена практика во тој период. Текстот претставува значаен пример за употребата на народниот македонски јазик во секојдневниот живот.
Овој ракопис е уникатен пример за јазична разноликост, бидејќи содржи форми од северните, централните, западните и источните македонски дијалекти. Се смета дека секој препишувач што ги копирал рецептите и молитвите внесувал елементи од сопствениот говор, притоа зачувувајќи го основниот изворен текст.