Loading...
Loading...

Ова дело е преземено од Дигиталната библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија. Материјалите се користат за научни, образовни и културно-историски цели, во функција на зачувување, проучување и промоција на македонското културно наследство.
„Споменар на паднатите борци и жртви на фашистичкиот терор во НОБ од Гевгелиско“ е спомен книга посветена на учесниците што загинале во Народноослободителната борба (1941–1945) и на цивилните жртви на фашистичкиот терор од Гевгелискиот крај. Споменарот излегува во Гевгелија во 1963 година и е издаден Општинските одбори на Сојузот на боречките организации на гевгелиската, богданската и валандовската општина.
По својата намена и жанр, ваквите „споменари“ најчесто функционираат како документарен регистар на имиња: за секое лице се даваат основни биографски податоци, како и околностите и датумот на загинување.
Значењето на книгата е двојно: од една страна, таа служи како месна колективна меморија, а од друга страна како извор за истражување, за историјата на НОБ во Гевгелиско, динамиката на репресијата, бројноста и социјалниот профил на учесниците, и начинот на институционално и општинско одбележување по војната
Владимир Картов е македонски историчар, правник и универзитетски професор, чиј научен интерес беше современата политичка историја, националното прашање и државно-правниот развој. Роден во Смоквица, Гевгелиско, по завршувањето на учителска школа и педагошки студии, дипломира историја на Филозофскиот факултет во Скопје, а подоцна и право, стекнувајќи интердисциплинарна стручност.
Последипломските студии ги продолжи во Белград, каде што ја одбрани магистерската теза за борбата на македонскиот народ за правото на самоопределување меѓу двете светски војни. Докторираше во Скопје со дисертација за културно-просветната политика на југословенските режими кон Македонците во меѓувоениот период. Од 1975 година беше избран за доцент на Правниот факултет во Скопје, а подоцна и за вонреден и редовен професор по историја на државата и правото.
Картов остави значаен научен опус со бројни монографии, учебници и студии посветени на револуционерните движења, националноослободителната борба и државноправниот статус на Македонија. Неговите трудови за Сава Михајлов, националното прашање, КПЈ, како и за Кресненското и Илинденското востание, имаат трајно значење во македонската историографија. За монографијата за Сава Михајлов, во 1977 година ја доби Златната плакета во рамки на Ноемвриската награда на Општина Гевгелија.