Loading...
Loading...

Ова дело е преземено од веб страницата на Academia.edu. Материјалите се користат за научни, образовни и културно-историски цели, во функција на зачувување, проучување и промоција на македонското културно наследство.
Културното наследство во Дебарско-реканскиот крај претставува богато илустрирано теренско истражување изработено во рамките на пилот-проект за локален развој на Дебар и Река. Делото ги документира и анализира археолошките локалитети, сакралните христијански споменици како цркви, фрески и икони, отоманските и исламските споменици како џамии и отоманска граѓанска архитектура, како и профаната народна архитектура во селата и градот.
Во публикацијата се обработува и нематеријалното наследство и традиционалните занаети, особено копаничарството, а се нуди и богата фото-документација со мапи, како и препораки за заштита, ревитализација и одржливо користење на наследството. Изданието произлезе од активности во областа на културното наследство спроведени во периодот од 2010 до 2016 година со поддршка на Советот на Европа.