Loading...
Loading...

Ова дело е преземено од Ризницата на Викимедија. Делото е во јавна сопственост и може слободно да се користи, што овозможува неограничена академска, образовна и јавна употреба.
Речникот од четири јазика (Четиријазичник) е лексикографско дело на Ѓорѓи Пулевски, македонски писател и револуционер.
Објавен во 1873 година во Белград, Србија, речникот формално е насловен како дело што опфаќа четири јазици, но во суштина вклучува пет. Тој е структуриран во четири колони со толкувања на зборовите, при што во една колона се дадени објаснувања и на српски и на македонски јазик, заедно со другите јазици застапени во регионот (албански, турски и грчки).
Ова дело претставува еден од најраните обиди на Пулевски за документирање и афирмација на македонскиот јазик во рамките на повеќејазичен контекст и јасно ја одразува неговата посветеност кон македонскиот јазичен и културен идентитет.
Ѓорѓија Пулевски или Ѓорѓи Пулевски бил самоук галички ѕидар и печалбар, еден од првите комити и револуционери, војвода и поет, учебникар, фолклорист и етнограф, лексикограф, граматичар, историчар и културно-национален идеолог. Тој е еден од најизразитите и најголеми македонски дејци во ова време.
Роден во селото Галичник, Ѓорѓија од печалбар-ѕидар во Романија својот животен пат ќе го продолжи низ разните ослободителни војни и востанија во текот на целата втора половина на XIX век. Борбата за слобода на својот народ ја започнува учествувајќи во ослободителната борба на другите балкански народи. Верувајќи дека со тоа се бори и за својата татковина, Пулевски најпрвин се вклучува како доброволец во ослободителните акции, во настаните од 1862-1863 година кога, како наредник на понтонерската чета, се бори против турскиот гарнизон во Белград. Потоа, по избувнувањето на Српско-турската војна (1876), тој пак се вклучува како доброволец, на страната на српската војска.
Веќе во следната година започнува Руско-турската војна и Пулевски е одново со својата чета во редовите на авангардата на руската армија за време на ослободувањето на Бугарија. Во 1878 Пулевски активно учествува како војвода во Кресненското востание, ставајќи се директно во функција на борбата за слобода на македонскиот народ.
По неуспехот на Македонското (Кресненско) востание, Пулевски заминува во Софија, каде во 1879 година сепаратно ја публикува првата патриотско-политичка поема во нашата литературна историја „Самовила Македонска“, во која ги споменува Филип Македонски и Александар Македонски како предци на денешните Македонци, кои 300 лета пред Христа ја повладале целата вселена. Во неа е одразена идеологијата на македонските учесници во Македонското (Кресненско) востание. Како дел од активноста на Пулевски сред македонската емиграција во Софија е и формирањето на Словеномакедонската литературна дружина во 1888 година, под негово претседателство.
Дал' сте чуле, Македонци, стари људи што говорат:
От Македонци појунаци над них не било-
Цар Александер Македонски тристо лета пред Христа
со Македонци сву вселену повлада.
Наш краљ Филип - Славјанин је, цар Александер - Славјанкин,
Наши баби Славјанки ги родиле.
Македонци, сетите се за јунакство македонско,
Та спроти старих вије сега да следувате!
Не је страмота овоје искати, ни за жал за своје умрет.
- Самовила македонска, 1878 година
Таа има особено значење како прва македонска литературна асоцијација воопшто и тоа е само уште еден доказ за неговата патриотска културна дејност и национално-политичка ориентација.